
Меѓународен патен транспорт
Директен превоз на стока со сопствена флота од над 40 камиони по round trip рутите NL-SE-NL и DE-SE-DE, со полна одговорност за навременост и безбедност на товарот.
Нашиот превоз се потпира на добро испланирани кружни тури — Холандија–Шведска–Холандија и Германија–Шведска–Германија — што овозможува максимална искористеност на капацитетот и пократки рокови на достава во двата правци. Флотата се состои од тегљачи со полуприколки (шлепери), стандард Euro 5 и Euro 6, со максимален капацитет до 25 тони по возило. Возачите возат и сопствени приколки, и приколки од мрежата на нашиот партнер LKW Walter, што дополнително ја зголемува флексибилноста при преземање и испорака на товар низ цела Западна Европа. Секој превоз се следи од поаѓање до достава, со директна комуникација со клиентот во секој момент.
